gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Мет Бреј сними видео каде танцува иста точка сто дена. Финтата е во тоа што танцувал на сто различни места, а потоа сите снимки ги монтирал во едно видео.

Ова е дел од неговиот серијал ProjectOneLife, кое го објавува на ЈуТјуб каналот посветен на „живеење на животот до максимум“. Тој самиот се држи до тоа мото така што ги исполнува различните предизвици кои си ги задава.

Засега од својот список на предизвици може за да ги прешкрта учењето на сноуборд, дружење со мајмун и уривање на Гинисовиот рекорд во седење на најмногу „whoopee cushions“ (играчка која произведува звук кој настанува кога човекот испушта гас).

Кога станува збор за ова видео, на ЈуТјуб напишал дека му требале неколку месеци за да избере совршена музичка подлога за неговиот танц и да ја научи кореографијата која ја осмислил.

Иако ова видео ги освои гледачите во делот од светот, Бреј тврди дека нема причина за славење затоа што заради него не е исполнет ниеден предизвик кој го поставил, дури ни оној дека ќе научи да танцува. Како што рече, мисли дека ова технички не е танц.

- Научив некои кул движења, но мислам дека се уште не дојдов до тој степен каде може да се сметам за добар танчер, така што таа мисија ќе ја оставам за некоја друга прилика, напиша тој.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box