gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Дали знаевте дека продуцентите на серијата „Сопранови“ се плашеле дека публиката ќе мисли оти во неа се говори за мажи кои пеат, како и дека како најавна шпица на серијата „Пријатели“ требало да оди една популарна песна од 90-те години на минатиот век?

Во продолжение следат детали за овие и за уште неколку други интересни факти за популарните телевизиски серии.

1. Кога куќата „Фокс“, наспроти големата гледаност одлучила да ја прекине серијата „Оженет со деца“, луѓето од врвот на компанијата не се ни потрудиле за тоа да ги информираат главните глумци. Ед О’Нил, кој го глумеше Ели Банди, за тоа дознал од „неговата сопруга“ од серијата, кога ја сретнал на годишен одмор.

2. Речиси сите сцени во кои се појавуваат децата од серијата „Како ја запознав вашата мајка“ се снимени во првата сезона, со цел ќерката и синот на главниот глумец секогаш да изгледаат еднакво стари. Сцените од финалната епизода се снимени во текот на втората сезона.

3. Во логото на серијата „Сопранови“, продуцентската куѓа Ејџ-Би-Оу додала пиштол, бидејќи се плашела дека луѓето ќе мислат оти се работи за музичка емисија.

4. Сините метамфетамини во серијата „Breaking Bad“ всушност биле скршени сини бонбони кои глумците редовно ги јаделе на снимањата.

5. Во секоја епизода на серијата „Зајнфилд“ се спомнува или во некоја форма се појавува ликот на Супермен.

6. Улогата на Фиби во серијата „Пријатели“ прво у била понудена на комичарката Елен Де Џенерес, но таа ја одбила.

7. Наместо песната „I'll Be There For You“, на шпицата на серијата „Пријатели“ требало да се оди хитот на групата „Ар-И-Ем“, „Shiny Happy People“.

8. Чед Мајкл Мареј поради улогата во серијата „One Tree Hill“ ја одбил улогата во серијата „The O.C.“.

9. Ким Катрал два пати ја одбила улогата на Саманта во серијата Sex and the City. За среќа продуцентите успеале да ја наговорат.

10. Џилијан Андерсон е висока само 160 сантиметри, па поголем дел од снимањето на серијата „Досиеја Икс“ ги минала стоејќи на кутија за да изгледа добро во сцените покрај Дејвид Духовни, кој е висок 184 сантиметри.

11. Возачот на такси кој се појавува на шпицата во серијата „Принцот од Бел Ер“ е легендарниот пејач Квински Џонс!

12. Славниот Чарлтон танц што глумицата Алфонс Рибеиро го игра во серијата „Принцот од Бел Ер“, инспирирала две славни лица Еди Марфи и Кортни Кокс. Еди поради својот славен скеч на бел танц и Кортни поради танцот кој го извела на песната „Dancing in the Dark“, кога Брус Спрингстин ја извел на бина за време на неговиот концерт во 1988 година.

13. Сетот кој го претставува средното училиште во серијата „Беверли Хилс 90210“, послужил и за серијата „Бафи“.

14. Мари Кејт и Ешли Олсен ги добиле улогите во серијата „Полна куќа“, бидејќи биле единствени бебиња на аудиција, кои ниту еднаш не заплакале.

15. Во серијата „Suits“, Харвеј носи костуми на славниот Том Форд, а во секоја епизода се пресоблекува и до 10 пати.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box