gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Често може да се слушне дека да се биде мајка и домаќинка не е лесна работа, бидејќи бара целодневен ангажман, кој подразбира готвење, перење, чистење, грижа за децата и извршување низа други активности и сето тоа бесплатно.

Американското Биро за економски истражувања сакало да дознае колку тие жени би заработувале доколку им биде платен нивниот труд и во соработка со експертите од Универзитетот Тексас пресметале дека нивната плата би изнесувала околу 52.000 долари годишно.

За да дојдат до тој резултат, авторите на студијата во текот на 10 години следеле неколку семејства, оценувајќи ги секојдневните задачи кои ги извршувале водјќи грижа за децата и домот.

Со студијата е утврдено дека жените во просек работат 94 часа неделно и имајќи ги предвид надоместоците на домашните помошнички и готвачки, би требало да заработуваат околу 8.000 долари месечно.

Треба да се има на ум и дека многу жени се вработени, па кога на платата на домаќинка би се додала и заработувачката од работа, нивните годишни примања би биле далеку поголеми.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box