gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Фејсбук го промени логото , но на прв поглед речиси е невозможно да се воочат разликите.

Имено, се работи за минимални измени на фондот, а најмногу се гледа промената на буквата „а“. Боите се останати исти, како и верзијата на логото каде се појавува само буквата „ф“.

Фејсбук последен пат го промени лотото во 2005 година, а компанијата соопшти дека промената е направена со цел логото да изгледа „попристапно“ и „поедноставно за користење“.

Дизјанот го потпишуваат дизајнерите на Фејсбук, на чело со креативниот директор Џош Хигинс, во соработка со Ерик Олсон од „Процес Тајп Фаундари“.

- Откако ги испитавме сите операции, заклучивме дека е доволен само редизајн, а не целосно нов дизајн, изјави Хигинс.

Новата верзија на логото ќе се појави наскоро.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box