gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Под мотото „Скопје – мојот град!“, од 16 до 20 септември на Плаја Виста ќе се одржи Фестивалот за креативни индустрии „Скопје Креатива 2015“.

Во четирите фестивалски денови ќе се одржат презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми/дебати. Посетителите ќе имаат можност да учествуваат на настани поврзани со филмски и видео перформанси и театар, додека во вечерните часови ќе може да уживаат во музика.

Дел од програмата се и работилници за развивање на креативноста кај дечињата.
„Скопје Креатива“ е проект под покровителство на Град Скопје, а во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“ - Скопје.

Лазе Трипков, програмски директор на „Скопје Креатива 2015“ информира дека годинава ќе ги опфатат сите креативни сектори- продукт дизајнот, индустрискиот и графичкиот дизајн, како и модниот дизајн.

- Застапени ќе бидат и видео и театарската уметност и мултимедиите, а отвораме и единствен Поп-ап стор. Ја носиме суператрактивната изложба на School of Visual Arts, која вклучува дела од Милтој Глејзер, Стефан Загмајстер, Мирко Илиќ, Сејмур Хваст, а учество ќе земат и светски познатиот млад дизајнер Бајтлик, чија кариера почна од Скопје постер фестивалот, но и ред други настани кои ќе инспираат, мотивираат и стимулираат, рече Трипков.

Фестивалот ќе биде од отворен карактер.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box