Напишано од Eлена Понеделник, 22 Мај 2017 00:00
Старата изрека вели дека за среќа е потребно малку. Воведете од се помалку во вашето секојдневие и бидете насмеани
Сакајте се себе
Направете листа на работи кои ги сакате кај себе. Среќата се зголемува за 25 отсто ако луѓето напишат што ценат
Слушајте радио
Студиите покажале дека музиката ги активира деловите на мозокот кои произведуваат среќа, а не е случајно тие делови да ја поттикнуваат и храната и водење љубов.
Активирајте се
Кога не сме ангажирани и немаме некоја задача, нашите умови почнуваат да одат во правец на лични проблеми и почнуваат грижите. Значи, секогаш бидете фокусирани кон целта.
Природа
Отидете во парк или на некое друго место пријатно за шетање. Тоа може да ги отргне сите несреќни мисли така што вашата свест ќе ја врати во сегашноста.
Без завист
Несреќните луѓе дозволуваат споредбата да им го расипе расположението.
И незаборавајте - Љубовта ни дава живот, таа е моќна и е секаде околу нас. Сакајте се себе си, луѓето околу себе, природата, животот. Останете во контакт, бидете фер и љубезни. Убавите и топлите односи се услов да се чувствуваме задоволно и исполнето !
Последни објавени во оваа категорија
- Шопинг изненадување со American Express на Силк Роуд Банка
- Среќни Новогодишни и Божиќни празници
- ВТОР НОВОГОДИШЕН БАЗАР
- ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ, добитник на годинешната награда за најголем пораст од WOCCU во светот
- Силк Роад Банка го продолжи промотивниот период за „Направи пауза“ потрошувачки кредит
- “Се враќаме во училиште” - бонус од 20% со Американ Експрес