Напишано од Eлена Четврток, 08 Октомври 2015 11:38
Долго очекуваниот спот за хитот „Фрази љубовни“ наТамара Тодевска и ДНК од денеска ќе можете премиерно да го видите на „Јутјуб“ и на македонските телевизии.
Комичното видео раскажува за два простодушни ликови кои се загреани по супер ѕвезда од естрадата.
Видеото се снимаше во Охрид во „Вила Бисера“ и е во продукција на „Горила Филмс“ во режија на Горан Костадинов и Владимир Ивановски - Дади. Песната што сеуште е радиски хит е дел од албумот „Еден ден“, кој Тамара го промовираше изминатиот Јули.
„Фрази љубовни“ е дело на Лазар Цветковски. Tекстот го напишаа Магдалена Цветковска Ена и Владимир Блажев.