Напишано од Eлена Петок, 30 Октомври 2015 11:08
Еден од најуспешните, но и најозборуваните артистина социјалните мрежи продолжува да е активен кога се работи за нови песни и спотови, а публиката навистина ужива во неговите хитови. Последен пат се уверивме во тоа на Вино-Скоп во Скопје каде што и покрај озборувањата собра најголема публика.
Деновиве тој сними нова песна и спот кој го изработи „Фабрика“ продукција, додека музиката е на Тајзи и Ивајо. Текстот е исто така на Тајзи, а тој периодов работи и на својот втор соло албум кој треба да излезе наредната година.
„Ова е една од песните кои ми стојат од поодамна и мислам дека сега и дојде време да ја промовираме. Во есен и зима се слушаат песни за гушкање. Инспирација за ваква песна ми се сите парови кои не се срамат и плашат да си покажат колку се сакаат и си значат и како што кажува самиот текст- животот е клише ако не си зближен со жената која си ја сакал највише“ - вели Тајзи во врска со новата песна - “Се ми е со тебе“
Новите песни на кои работи се со реге-ска ритам и со социјални теми и како што тој самиот кажува, продолжува по патот на будење на свеста на луѓето за подобро утре, за материјализмот кој се повеќе е во луѓето, за еднаквост и со живот како и против било каква поделба била верска или партиска.
Во прилог погледнете го видеото,
песната може да ја слушате како Фортуна Хит на секој час на Радио Фортуна