Напишано од Eлена Вторник, 23 Февруари 2016 13:25
Во саботата и неделата (20/21.03) Каролина Гочева гостуваше на двата маестрални концерти на Дуке Бојаџиев во Метрополис арената.
Со глас што ѕвони Каролина пленеше на сцената. Таа ги отпеа песните „Дојди“, „Празно е без оваа љубов“ и „Зборови немам“.
За оваа пригода Каролина одбра соодветна црна елегантна тоалета. Сатенот и деловите од тантела ја направија оваа креација доволно елегантна за настан од овој тип.
Косата и беше собрана во опавче, а за шминката на нашата дива и овој пат се погрижи Александар Билјановски Дадар.
Уште еден моден погодок на Каролина!
Последни објавени во оваа категорија
- ЛЛ Кетеринг ќе донира храна во Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје
- Силк Роуд Банка ја предаде втората донација на Клиниката за детски болести
- Шопинг изненадување со American Express на Силк Роуд Банка
- Среќни Новогодишни и Божиќни празници
- ВТОР НОВОГОДИШЕН БАЗАР
- ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ, добитник на годинешната награда за најголем пораст од WOCCU во светот