gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Оваа оскаровска ноќ ќе биде запаметена по големата победа на Леонардо ди Каприо, но и по смелите модни избори на филмските ѕвезди.

Дамите оваа година блескаа во елегантни тоалети, најчесто во сирена крој со смели бои, светкави текстури, пристојни деколтеа и елегантни линии се главните карактеристики на модните избори на ѕвездите на црвениот тепих за Оскарите 2016.


Марго Роби блесна како златна оскаровска статуетка, добитничката на Оскар за најдобра споредна женска улога Алисија Викандер најави дека жолтата ќе биде боја на следната сезона, а Шарлиз Терон докажа дека згодна русокоса во црвена тоалета е секогаш полн погодок.

Од фаворитите ја издвојуваме и Наоми Вотс која смело ја износи креацијата на „Армани Приве“ во која наликуваше на модерна сирена.


Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode