Напишано од Eлена Среда, 02 Март 2016 14:08
„Само таа знае како“ е најновата песна на Панчо и Андреј, од музичкото дуо ДНК.
Овој нов сингл веднаш доби и свој видео запис, со звучна мелодија, а истиот е и најава за новиот албум „Уште еден ден“, кој ќе биде промовиран во мај.
Видео записот на кој стои потписот на Томато Продукција, е снимен во скопско Трубарево во Македонски Железници и во лаунч-барот Dеја Vu во Аеродром. Покрај Панчо и Андреј, главната улога ја има прекрасната Олгица Стрика од Куманово, која за прв пат се појавува на ТВ екраните.
„Навистина уживавме додека го снимавме спотот. Имено, целата приказна започнува откако јас и Андреј ја здогледуваме убавата Оле во еден бар и хангар, каде што нè измачува и максимално се изживува со нас. Остатокот им го оставам на нашите фанови да го погледнат во видеото и да дознаат што се случува на крај,“ изјави Панчо со кое го најави најновиот спот на музичкото дуо ДНК.
Музиката е заедничко дело на веќе проверениот тим, Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо, додека аранжманот е на Цветковски.
Погледнете го видео спотот во прилог