Напишано од Eлена Четврток, 05 Мај 2016 12:35
Насловот на песната е "ВРАТИ СЕ" и е комплетно авторско и продуцентско дело на Александар Масевски. Акустичната гитара во песната ја отсвире Иле Спасев.
Се работи за модерна, непретенциозна тема, која што е лесно слушлива и одговара на атмосферата што пролетта и летото ни ја ветуваат.
"ВРАТИ СЕ" многу наскоро ќе добие и видео запис, кој во моментов го изработува Томато Продукција.
Сања Лефкова работи со полна пареа на нов материјал од кој одредени песни ќе се пејат и на англиски јазик, со намена за интернационалниот пазар.