Напишано од Eлена Четврток, 05 Мај 2016 12:40
По предходно успешните песни за “Емили“, “Ана“, групата Бета Хаус со нов сингл и видео запис за “Легендата“.
Песната е комплетно авторско дело на бендот, додека за миксот и мастерингот се погрижи Роберт Билбилов.
Видео записот го изработи Горила Филмс, во режија на Горан Костадинов, директор на фотографија е Кристијан Теодоров.
Во спотот се забавуваа и голем број девојки кои одлично се снајдоа во своите улогите.
Момците од Бета Хаус Раде, Бодин, Алексеј и Стефан работат на новиот материјал за кој наскоро ќе има и ново издание, Воедно момците ви најавуваат дружба и настапи во повеќето градови ова лето.