Напишано од Eлена Среда, 11 Мај 2016 14:14
Музичкото R’n’B дуо ДНК во понеделник во Ресторан Воденица го промовира својот трет албум „Уште еден ден“.
За време на промоцијата на новиот албум на ДНК, „Уште еден ден“,беше претставен и видео записот за новиот сингл на Панчо и Андреј, насловен како „Стојам сам“.
На албумот се наоѓаат 12 композиции и сите се дело на продуцентот Лазар Цветковски, додека текстовите се на Панчо.
Пред промоцијата на новиот албум, ДНК викендот ги изненадија своите обожаватели во клубот "Палма" во Берн каде што Андреј и Панчо ги претставија нивните хитови пред фановите во Швајцарија.
"Без поддршката на нашите фанови, нашиот успех нема да биде евидентен, а и без нив ние нема да сме она што сме сме. Затоа сакаме да допреме и до нашата фан база вон границите на Македонија", велат Панчо и Андреј.