Напишано од Eлена Среда, 25 Мај 2016 13:49
Александар Тарабунов конечно нè израдува со нова песна „Дал има“ и нов видео спот
Станува збор за темата насловена „Дал има“, чии автор е Тарабунов (музика и текст), аранжманот е дело на Дамјан Лазаров, мастериг на Иван Јованов во продукција на „Горила“.
Песната е претставена заедно со видео запис во изработка на „Горила Филмс“.
Во спотот се појавува и познатата ракометарка Викторија Пеовска од Куманово, која одлично се снајде во улогата.
Песната и видео записот се поддржани со законот за субвенционирани композиции на “Министерство за култура“ и “Македонска радио и телевизија“.